Европската унија повика на итно примирје за запирање на израелските операции во Газа и ракетирање на Израел.
„Бараме итен сеопфатен прекин на огнот што ќе стави крај на израелските воени операции во Газа и сегашните ракетни истрели против Израел, што е неприфатливо. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува“, наведе шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.
Ракета истрелана од Појасот Газа денеска врз градот Реховот во централен Израел уби едно лице, а повредени се најмалку две лица, соопшти израелската полиција.