Премиерот на Баварија, Маркус Содер, рече дека повеќе би сакал побрза одлука и отворено побара од Европската агенција за лекови, ЕМА, да го забрза зеленото светло за вакцината. „Моторот за имунизација не треба да застанува“, рече Содер за германскиот весник. Не треба да имаме одложувања само од идеолошки причини, додаде тој.

Баварија предвидува купување на 2,5 милиони дози на „Спутник “. Русија ја одобри вакцината Спутник V во август минатата година, непосредно пред завршувањето на научните студии планирани за вакцините. Оваа одлука наиде на критики од тогашните научни кругови. Но, скоро 70 земји, во меѓувреме, дозволија да се користи вакцината.

ЕМА во моментов ја проверува дозволата за употреба во ЕУ. На почетокот на март, постапката за мониторинг започна во рамките на „Rolling Review“, постапка каде што се потврдуваат резултатите од тестовите, иако не се доставени сите податоци и сè уште нема апликација за лиценца.

Две земји од ЕУ, дури и без дозвола на ЕМА, во меѓувреме го користат рускиот препарат за вакцини – Унгарија и Словачка. Досега во ЕУ добија лиценца сите производители од западните земји.