Договорот допрва треба да биде одобрен од министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на 12 јули, велат дипломатски извори за француски медиуми. Потребна е едногласна одлука за санкциите да станат официјални.

ЕУ воведе три групи санкции по припојувањето на Крим кон Русија: забрана за сите инвестиции на Крим и Севастопол, црна листа на лица и компании обвинети за учество во дестабилизација на Украина и економски санкции за руски банки, одбранбени и нафтени компании. ЕУ исто така забранува финансиски инвестиции во Русија.

Целта на мерките е да се принуди Русија да се откаже од своите активности за дестабилизација на Украина.

-Сепак, таа логика како одговор на руската агресија и провокации се покажа како „неефикасна“ – изјави францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела за време на дебатата за Русија на самитот на ЕУ во Брисел.