Арустамијан, кој е од ерменско потекло, а известува за руската телевизија „Match TV“, објави дека не добил акредитација за следење на ЕУРО2020 кое заеднички го организираат 11 европски градови, вклучувајќи ја и азербејџанската престолнина Баку.

За акредитација на новинарите на ЕУРО2020 е потребна согласност од сите 11 национални фудбалски федерации.

Потпретседателот на Фудбалската федерација на Азербејџан, Елкан Мамадов, потврди дека неговата земја стои зад блокадата.

– Ова лице повеќе пати ги посетило окупираните територии. Тој човек ги прекршил законите на нашата држава, покажувајќи непочитување кон територијалниот интегритет на Азербејџан, изјави Мамадов за локалните медиуми.

Одбивањето да му биде издадена акредитација на Арустамијан предизвика гнев кај неговите руски колеги и матичната куќа.

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова истакна дека „нејзините служби работеле цела ноќ“ со УЕФА во обид да му биде овозможено на Арустамијан „да ги извршува своите професионални обврски“, воздржувајќи се, притоа, од критики кон Азербејџан со кој Русија одржува добри односи.

– Верувам дека ќе се најде решение, порача портпаролката на руското Министерство за надворешни работи