На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволите од подрачните единици и општинските кризни штабови до пазарите и назад од пазарите, до нивите и слично. Мерка која што беше овозможена пролетта.
За оние граѓани кои извршиле имунизација во центрите за вакцина во непосреден период пред полицискиот час, ќе им се дозволи враќање во своите живеалишта врз основа на потврда за вакцинација.
Што се однесува до граѓаните кои живеат во станбени објекти за колективно домување и кои имаат домашни миленичиња – куче, тие може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 часот до 23:00, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.
Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.
Во категоријата на лица кои треба да добијат дозволи за движење со јавување во МВР на 192, влегуваат: вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби; вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија); и општинските кризни штабови кои даваат услуги за достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети).