Од денеска шест нови автобуси ќе сообраќаат низ главниот град. Донација се од Европската унија. Автобусите работат на компримиран природен гас (CNG) и го исполнуваат стандардот Еуро 6. Намалените емисии на CO2 ќе придонесат за подобар квалитет на воздухот во главниот град.
„Проектот е вреден 10 милиони евра и ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните“, изјави евроамбасадорот во земјава, Михаил Рокас.
Проектот, како што додаде, ги опфаќа градовите Битола, Куманово, Скопје и Тетово, односно оние кои се соочуваат со зголемено аерозагадување.
По патувањето од Бразил, Арсовска се врати во Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече донацијата од Европската унија е успех на Град Скопје, изразувајќи надеж дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси.