Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните.

Според прелиминарните податоци од тестови, друга доза дадена 6 месеци по втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот до 10 пати. Фајзер и Бионтех ќе обезбедат детални информации до Европската агенција за лекови и американската Администрација за храна и лекови.