Фалсификувани банкноти кружат низ Тетово
СВР Тетово откри фалц пари и поднесе кривична пријава против Ч.Ј.Б.(26) од Турција.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 06.01.2026 на бензинска пумпа во селото Жеровјане, тетовско, пријавениот платил производи со фалсификувана банкнота од 50 евра.
