Европол конфискува фалсификувани пари

Европол конфискува фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг.

Операцијата се спровела повеќе месеци и опфатила држави како Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД. Полицијата и царината задржале бројни пратки испратени по пошта.

Европол наведува дека 90 проценти од испорачаните пратки потекнувале од Кина. Покрај фалсификувани евра, откриени се и американски долари, британски фунти и швајцарски франци.

Акцијата траела шест месеци, од јуни до ноември минатата година. Во текот на тоа време, откриени се 79 пакети со фалсификувани пари, што вклучувало вкупно 223.000 фалсификувани банкноти.