Две лица со мотор се обиделе да влезат во црковниот комплекс по завршувањето на мисата, изјави портпаролот на Националната полиција, полициски генерал Арго Јувоно.

– Двете лица беа запрени од службеникот за обезбедување, по што се случи експлозијата, рече тој.

Јувано додаде дека, покрај двајцата осомничени бомбаши, полицијата истражува и други делови од тела, пронајдени на местото на настанот. Исто така, портпаролот прецизираше дека повредените се одведени во блиските болници.

Медиумите известуваат дека експлозијата била многу моќна, но не е предизвикана значителна штета на катедралата Макашар, во близина на популарниот Каребоси парк.