По преземени мерки и активности полициски службеници од Берово и Делчево ги уапсиле А.Ш. (47), А.Х. (48) и С.Д. (37), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден, на подрачјето на Берово сториле три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин”, едно кривично дело „кражба” во Виница и една „кражба” во Делчево, при што од продажни објекти биле одземени разновидни производи.

Украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.