Имено челниците на федерацијата одлучија за сите мечеви од Првата и двете втори лиги кои се на програмата викендов, сите ПЦР тестови да бидат на сметка на Федерација. За оваа одлука клубовите се веќе информирани, а тестовите ќе мора да се направат утре и во петок.

Секој клуб мора да пријави по 25 лица за секој натпревар, покрај играчите тука се и тренерите, службените лица од клубот кои ќе бидат тестирани. Исто така ФФМ ќе ги плати и тестовите на службените лица, тука се мисли на судиите, делегатот, контролорот и слично.