Според првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, премијата претставува еден вид на мотивација за фудбалерите за продолжение на квалификациите за СП 2022 година.
– Репрезентативците одиграа квалитетен натпревар, согласно сите очекувања, поради што и покрај поразот сакаме со премија да дадеме дополнителен поттик за позитивно продолжување на квалификациите за СП 2022. Ние сме само на почеток од патот кон Мундијалот и треба да се продолжи позитивно затоа што сѐ уште е долг патот – изјави Сејдини.
Фудбалерите во наредните денови ги очекуваат уште два натпревари од квалификациите за СП 2022, на 28. март на Националната Арена „Тодор Проески“ гостува Луихтенштајн, додека на 31. март во Дизелфорф и гостува на селекцијата на Германија.