Можеме да интервенираме во делот на тоа што законот ни нуди како можност, а тоа е интервенција во цената, ревизија на сите лекови што се на позитивната листа. Тие што се купуваат приватно навистина немаме механизам како да ги контролираме – рече Филипче.
Во таа смисла, министерот појасни дека веќе се покренало конкретно прашањето за замената на хепаринот, истакнувајќи оти во овој случај е можно решение со Фондот.