-Христо е човекот кој наредните четири години ќе работи за доброто на секој битолчанец, за секој човек, овде во општината. Во Битола ќе продолжи да се гради, ќе продолжи напредокот, прогресот, и просперитетот. Како докажан бизнисмен, знам дека Христо ќе го преслика тоа работење и во водењето на општината.Еланот, визијата и трудољубивоста се комбинацијата која ќе биде добитна за Битола, рече Филипче.

Соработката на Владата и општините се одвива беспрекорно и тоа ќе продолжи и понатаму, продолжи Филипче и ја истакна круцијалноста на таа врска на централната со локалната власт во создавањето на стабилен економски систем.

-Со овие политики ѝ покажавме на Европа, а и на светот дека нема да се откажеме од намерата да ја креираме најдобрата верзија од земјава, да им покажеме дека сме земја – со сериозна понуда и квалитет. Зашто ние навистина тоа и сме. Работиме за младите да ја градат својата иднина во своите општини. Работиме за Европа дома, кај нас, во Северна Македонија.Умееме и можеме да ѝ покажеме на Европа дека сме достојни да се приклучиме во Унијата, рамо до рамо со најразвиените земји, заврши Филипче.

На трибината, тој ги повика присутните на 17 октомври, масовно да ја дадат својата поддршка за бројот 12 и да прослават победа во прв круг.