– Вчера пристигнаа 100 000 вакцини „Фајзер“, 50 000 од „Синовак“. Се зголемува бројот на слободни кревети на Инфективна клиника како и на интерните клиники. Според новите препораки, се препорачува трета доза на вакцина за граѓани над 60-годишна возраст и кај здравствени работници, без разлика на возраста, како и за хроничните болни, без разлика на возраста. Третата доза ќе биде од „Фајзер“, вели Филипче.
Исто така, министерот најави дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250 000 дози од производителот „Џонсон“.
Што се однесува до наставата, тој информираше дека во најголем број училишта ќе се прави тестирање со брзи антигенски тестови, но за тоа сè уште не може да каже повеќе детали.