Според Филипче болницата е во системот на целокупната прераспределба и примената на креветите во болницата.
– Модуларната болница тука во Прилеп е еден од 19-те објекти кои ги пооставивме за рекордно кратко време, нешто помалку од три месеци во 16 општини и е дел од вкупно 10.000 квадрати, со вкупно 600 болнички кревети повеќе со кои сега располага нашиот здрвствен систем. Оваа болница овде е целосно опремена со централен довод на кислород, токму такви услови обезбедува, потребни за лекување на сите пациенти заболени од Ковид. Таа ќе биде во системот на целокупната прераспределба и пренамена на креветите во болницата, со цел да се пружи соодветна болничка заштита на сите пациенти. Ние сме во целосна координација и во рамките на територијата на цела држава сме во коодринација со директорите, со прераспределбата на пациентите согласно со тежината на клиничката слика, се прави во целосна коордианција, изјави Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека последните две и пол години прилепската болница прими над 100 вработени како нов медицински персонал без што притисокот врз здравствениот систем не можеше да се издржи.
– Во болницата во Прилеп изминатите 2,5 години навистина многу и инвестиравме, примени се над 100 вработени лекари, медицински сестри без кои тешко дека овој удар можеше да се амортизира и да се даде соодветна здравствена услуга. Беше направен нов ургентен центар со што се смени пристапот во давањето на стручниот дел на лекарската услуга кај итните пациенти и оваа година тоа го заокружуваме тоа што Прилеп првпат добива апарат за магнетна резонанца што ќе служи за соодветна дијагностика, односно пациентите понатаму нема да мораат да патуваат во други градови или во Скопје за овие услуги, рече Филипче.
Во Прилеп како и во другите градови изминатите денови започна вакцинацијата. Во градот досега се вакцинирани 150 граѓани над 77 години. Филипче апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и да има масовен одѕив за вакцинација.
– Вкупно се вакцинирани 150 граѓани до сега кои имаат над 77 години и имаат хронични болести согласно планот за националната стратегија. Досега немаше проблеми никаде во територијата на цела држава, ги скратуваме термините и бројката на вакцинирани граѓани во текот на следните денови ќе биде се поголема. Апелирам граѓаните да продлжат да ги почитуваат мерките, сега е исклучително ризична и критична ситуацијата, критичен момент е и секако дека согласно на зголемувањето на достапноста на вакцините, да се прифати тоа и да биде вакцинацијата што помасовна поради тоа што тоа е еден од главните инструменти во борбата против пандемијата, рече Филипче.
Во прилепската болница се пет ковид-оддели и моментално се речиси исполнети капацитетите со 128 хоспитализирани пациенти. Веднаш во функција се става модуларната болница.
Градските власти апелираат секој слободен медицински кадар да дојде да помогне во овие 15-тина критични денови од овој бран на ковид-зараза