Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) издаде дозвола за локален телевизиски канал во Скопје на фирмата Преобразба ДООЕЛ. Основач на оваа фирма е Петар Каревски, земското име на владиката на Преспанско – пелагониската епархија Петар.
Според дозволата, телевизискиот канал ќе биде со претежно забавен општ формат.
Според податоците од Централниот регистар, друштвото за производство туризам промет и услуги Преобразба ДООЕЛ Скопје е основано во август 2021 година, со влог од 5 илјади евра.