-Давам целосна поддршка за преговорите со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро. Ние разговаравме за тоа во минатото, работиме на тоа. Двете земји ги исполнија сите свои задачи и сега ние сме тие што треба да го реализираме својот дел. Јас сум одлучна Албанија и Северна Македонија да ги отворат преговорите што е можно поскоро. Многу очекувам меѓувладината седница да биде до крајот на годинава, рече таа.
Рама, во неговот познат стил рече дека „веќе нема да се подготвуваат за свадба, зашто тоа сега е во рацете на сватовите“.
-Многупати до сега бевме подготени за свадба, но сватовите не дојдоа, сега не се подготвуваме за свадби, туку за изјави на љубов, бдејќи свадбите се во рацете на сватовите. Ние сега ја правиме нашата работа не дека бараат Брисел, Париз или обединета Европа. Продолжуваме да го користиме знаењето и искуството на ЕУ за да се модернизираат нашите институции за нашите деца. Потоа, дали конференциите и поглавјата ќе бидат отворени или не, ова е прашање на ЕУ, не на Комисијата, туку на член на европското семејство кој со инает се однесува кон друг, а друг држи како заложник. Имаме толку многу други работи што треба да ги направиме што не треба да го губиме фокусот, трпението или смиреноста, туку треба да одиме напред, рече Рама.
Фон дер Лајен зборуваше и за помошта што ЕУ ја дава за земјите од Западен Балкан, пред се, во справувањето со пандемијата и за зајакнувањето на економјата, а се задржа и на Берлинскиот процес, оценувајќи дека „колку е побрз Берлинскиот процес, толку побрза е интеграцијата во ЕУ“.
Фон дер Лејен во рамки на престојот во Албанија најпрво се сретна со премиерот Еди Рама, потоа со шефот на државата Илир Мета, а прсуствуваше и на пуштањето во функција на реконструрани училишта и градинка кај Круја, погодени од катастрофалниот земјотрес, обновени со европски пари.
По средбата со Фон дер Лајен своја објава на Фејсбук имаше претседателот Илир Мета.
-Задоволство беше да се сретнам денес со претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Имаме доверба во Европската унија и поддршка од Комисијата за унапредување на односите меѓу нас. За таа цел, интензивирањето на билатералните напори за решавање на внатрешните и надворешните предизвици е клучно за заедничкиот успех, напиша Мета на Фејсбук.