Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарале за соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во услови на здравствена криза.
-Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија, информира Заев.
Додава дека заеднички констатирале оти европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје, и ја потврдиле обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата.