По критичкиот напис објавен во европскиот Политико за еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во кој се наведува дека тој ја фаворизирал Србија и се обидел да изврши непринципиелен притисок врз Македонија во спорот со Бугарија преку одвојување од Албанија, претседателката на Европската Комисија вчера од Словенија одговори на овие наводи.

На новинарско прашање на оваа тема, Урсула фон дер Лајен изјави дека таа целосно ги поддржува сите членови на нејзината Комисија, но додаде и дека работата на Европската Комисија во проширувањето не се сведува само на комесарите туку и на тимовите на вработените во генералните директорати на институцијата кои, како што рече, со години го следат напредокот во земјите од Западниот Балкан.

Таа нагласи и дека Србија има уште многу работа во делот на владеењето на правото