Основната цел на Инспекцискиот совет е влијание врз Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но и врз другите јавни институции во насока на подобрување на инспекцискиот надзор, за поефикасно справување со загадувањето на животната средина.
Граѓанскиот инспекциски совет при ДИЖС е формиран на иницијатива на Зелениот институт во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „Разбистри сѐ“.
Лилјана Поповска од Зелен институт на денешната онлајн прес-конференција посочи дека оваа кампања се покажала како инзвонредна алатка за вклучување на граѓанските активисти и за влијание врз институциите во насока на поодговорно вршење на своите работи и спроведување на законите.
Овој Инспекциски совет треба да работи на подобрување на ефектите од работењето на Државниот инспекторат за животна средина.