Демонстрантите пред Владата откако ја прескокнаа оградата дојдоа очи во очи со полицијата. Замотана во македонско знаме девојка се доближи и го бакна полицискиот штит. Пораката што ја испратија до припадниците на МВР кои го обезбедуваат објектот на Владата е да ги спуштат штитовите, бидејќи како што порачаа демонстрантите тие не треба да се плашат и треба да се заедно со граѓаните кои се присутни на протестот против прифаќањето на францускиот предлог.

-Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа демонстрантите на полицајците.

Пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на француски предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.