Инаку, од утрово е најавен посебен сообраќаен режим денеска во Скопје, поради доаѓањето на косовските претставници на владата поради меѓувладината седница со нашата влада.
МВР информира дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на собраќајниците на поширокото централно подрачје.
Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.
ФОТО: Вечер пресс