Вкупно 18.149 апликации на студенти се прифатени во рамки на првиот рок за аплицирање на повикот за субвенциониран студентски оброк, соопшти Министерството за образование и наука.

Од Министерството за образование и наука информираат дека во првиот повик кој беше отворен за студентите од втора и повисоките години на студии пристигнале вкупно 21.693 апликации. Апликациите биле разгледани од страна на надлежната комисија која прифатила над 83 отсто од поднесените апликации. Како што информираат од МОН, на сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса.

Но, од тоа што може да забележиме на социјалните мрежи многу студенти се жалат дека се неправедно одбиени. На Инстаграм страницата „Боемот“ и „Студентарија.Мк“ пишува повеќе за оваа тема и може да се забележи незадоволството кај студентите.

Инстаграм профилот „Боемот“ вели дека дури 9 од 10 негови другари биле одбиени, додека и други страници го искажуваат незадоволството. Според него станува збор за популистичка мерка на надлежните. Повеќе може да погледнете од фотографиите во продолжение.

 

По многуте коментари, се јавија од МОН дека ќе има и втор конкурс за оние кои сметаат дека се неправедно одбиени, а тоа го пренесе и студентскиот инстаграм профил „Студентарија.мк“.