Во своите соопштенија и од владата и од Министерството за здравство реагираа дека шириме лажни вести и дека тие се трнаспарентни во процесот на имунизација.
За да им веруваме дека се транспарентни, би требало да ја декласифицираат и да ни ја испратат целосната листа на вакцинирани која ја водат како класифициран податок.
Редакцијата на Лидер испрати официјално барање до министерството.
Демантот на Минстерството за здравство стигнува по објавената вест на нашиот медиум дека министри и функционери се вакцинирале преку ред.