Утрински 6 км низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи Maxime Prévot, објави на Фејсбук министерот, Тимчо Муцунски.
-Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град, истакна Муцунски.
