-Тука се и нашите идни подофицери кои го завршуваат курсот овој месец и влегуваат во првата генерација од 120 подофицери кои Армијата ги добива по 11 години. Посетата на Криволак ја почнувам со средба со идните подофицери. Нивната дисциплина и ентузијазам охрабрува!, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.