Борусија Дортмунд ја испушти титулата на неверојатен начин. „Милионерите“ имаа историска можност пред своите навивачи да ја прекинат серијата на Баерн Минхен, но ремизираа 2:2 со Мајнц, па Баварците со триумф во Келн поради подобрата гол-разлика ја освоија титулата.

Секако, во центарот на вниманието е капитенот на Дортмунд, Марко Ројс (33), кој беше целосно скршен по последниот судиски свиреж.

Отсекогаш му бил верен на својот клуб (од 2012 година), ова беше најдобрата можност конечно да се закити со титула во Бундеслигата, но повторно останува со празни раце. Интересно, Дортмунд последната титула ја имаше во сезоната 2011/2012, а Ројс стигна во клубот по завршувањето на истата.

Не треба да заборавиме како пред секој голем турнир доживуваше нови повреди и дека го следеше малер, но денеска дефинитивно е еден од најтешките моменти во неговата фудбалска кариера.

Со „милионерите“ двапати го освои германскиот Куп, трипати националниот Суперкуп, а беше финалист во Лигата на шампионите во 2013 година.

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL