Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски присуствуваше на манифестацијата Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци.
– Ја почитуваме традицијата и трудот на лозарите.
Трудот на секој наш лозар го креира брендот на нашето препознатливо македонско вино низ светот.
Владата продолжува активно да ги поддржува лозарите и винскиот сектор преку развој и одржување на лозовите насади и директна помош за промоција на македонските вина, напиша Николоски на социјалните мрежи.
