Во текот на денешниот ден, 16.01.2022, недела, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински направи увид на работните активности во изведба на екипите на претпријатието за отстранување на дефектот на водоводна цевка ф600 на бул. Александар Македонски, кај Кремисимо.

За поголема ефикасност во изведбата на работните активности, две коловозни ленти на булеварот се затворени. Протокот на возила е овозможен само на една коловозна лента.

Врз основа на планот за работа, не се очекува прекин во водоснабдувањето. Но во случај да дојде до непредвидени проблеми, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на општина Гази Баба, Автокоманда, Ченто, Сингелич, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподрум и хотел Белви.

Одлуката да се изведат овие работни активности денес, е токму заради местоположбата и затвoрањето на дел од булеварот. Екипите на Водовод и канализација – Скопје, ќе бидат на терен до целосно отстранување на дефектот и ставање во употреба на водоводната мрежа за граѓаните. Со отстранување на овој дефект водоводната мрежа ќе биде ставена во употреба за граѓаните, во тој дел на градот, без понатамошни потешкотии и застои во водоснабдувањето, стои во соопштението на ЈП Водовод и канализација.