Црквата го носи името „Света Софија“ и се наоѓа во скопската населба Реонски Центар во Општина Аеродром. Темелите беа осветени на 25 јули 2012 година, а изградбата започна во 2013 година. Но, за жал изградбата се стопираше и објектот остана во „статус кво“ ситуација – стагнација со години.

По повеќе од цели 12 години пауза сега продолжува изградбата со помош на донатори и општествено одговорни компании. Засега сѐ уште нашата редакција нема детали, но евидентно е дека работниците се постојано на терен. В.д. градоначалникот Дејан Митески успеа да издејствува аеродромци наскоро да добијат нов верски објект – место каде ќе се слави духовност и во кое многумина ќе го пронајдат мирот.

Неофицијално, се очекува за 18 месеци да биде завршена изградбата.
