Како што велат од МВР се барал режан тутун во околината на Зелено Пазарче. Се влегувало во гаражи, тезги и подруми за да се открие бараниот тутун.

Во тек е голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и други простори за складиран режан тутун. Продолжува успешната соработка меѓу Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарен инспекторат-велат оттаму.