Изборната реприза на претседателски кандидати од 2019 година одново ќе ја гледаме оваа година. Како што веќе ѝ е познато на пошироката јавност СДСМ повторно ќе настапи со актуелниот претседател Стево Пендаровски, а ВМРО-ДПМНЕ ќе „атакува“ по столчето на Вила Водно со реномираната професорка Гордана Силјановска Давкова.
Живеејќи во политичко поднебје кое често подлежи на дневно-политички навреди и црна кампања вчера можевме да забележиме една глетка за почит. Имено, синоќа при настанот за во Музејот на холокаустот во спомен на македонските Евреи се сретнаа двајцата најсериозни кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.
Ваквиот потег е доказ за политичка зрелост и пред сѐ на човечка култура. Двајцата кандидати се осврнаа на важноста на македонските евреи, а испратија јасна порака: Никогаш и никому да не се повтори нивната голгота.