Деновиве во фокусот на вниманието е Марио Јанески, претседателот на младината на Левица позната како „Црвена Младина“. По преименувањето на паркот „Украина“ во „АСНОМ“ младината на Левица одново потсети дека за нив приоритет е антифашистичката борба на Македонија, но она што можеме да го најдеме како податок е дека впрочем прадедовците на момчето кое го зборува ова видео сепак добивале бугарски пензии, објавија сајтовите Вестимак и Трибуна.
Пред извесно време тој на својот Фејсбук профил ја откри својата фамилијарна историја и напиша дека негови дедовци се, Нанчо Настев Јанев и Магден Крстев Стојков селото Базерник, демирхисарско. Двајцата дедовци на претседателот на Црвената младина Јанески во 1943 година аплицирале и добиле бугарски народни пензии, како учесници во Македоно-одринското ополчение во склоп на бугарската армија.
Овие информации ги објавија сајтовите Вестимак и Трибуна, каде со документи од архивите покажуваат дека дедовците на Јанески всушност ја бугаризирале Македонија. Како што пишуваат овие сајтови, според сведоштво на самиот прадедо на Јанески, Нанчо Настев Јанев „српските власти го презирале затоа што бил Бугарин“ и додава дека „заедно со неговата сопруга Доста бил прогонуван заради своето бугарско национално чувство“.
Во продолжение може да ги погледнете документите што ги објавија овие сајтови.