Премиерот присуствуваше со сопругата
Вечерва заедно со сопругата Рози, присуствувавме на отворањето на филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола. Традиција која мора да се почитува, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.
Најголемо филско случување
Фестивалот „Браќа Манаки“ е најголемо филмско случување во Македонија. На настанот се собра целата филмска фела од државата, регионот, но и од светот. Фестивалот „Манаки“, кој секоја година го прави градот еден од најважните филмски центри во светот, а овие пораки беа истакнати и на свеченото отворање.
Покрај редовните три награди кои се доделуваат, фестивалот годинава додели и четврта, почесна Златна камера 300, за животно дело на Јанаки Манаки. Наградата ја прими неговиот внук.
Добитници на награди
Лауреат на Златна камера 300, за животен опус, е францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој ги снимил антологиските филмови „Нема одмор за Бали Барко“, „Амели“, „Многу долга венчавка“, „Хари Потер“.
Добитничка на наградата Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е полската кинематограферка Јоланта Дилевска. Македонскиот филмски и телевизиски монтажер Димитар Грбевски е добитник на наградата Големата ѕвезда на македонскиот филм.
Претседателката го отвори фестивалот
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека за неа е огромна чест да биде покровител на една од најреномираните и најпрестижни културни манифестации во земјава на самото отворање на манифестацијата.
18 добитници на наградата Златна камера 300
Она што ќе остави траен белег на овогодишното издание е „Патеката на славните“, каде 18 добитници на наградата Златна камера 300, добија своја ѕвезда на познатиот Широк сокак.