Политичката партија Левица и нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска се однесуваат како најголем непријател да им е ВМРО-ДПМНЕ. Утрово повторно бевме сведоци на навреди упатени на контото на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.
Напади од Левица кон ВМРО-ДПМНЕ
Имено, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска обвинува дека 25.000 потписи од граѓаните за Силајновска Давкова завршиле на буниште. Таа вели дека Гордана Силјановска Давкова е кандидирана само со потписи на пратениците, а смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно.
Ванковска манипулира: Бројката на гласови на Силјановска Давкова не е 25.000 гласови, туку многу повеќе
Нејасно е зошто Билјана Ванковска револтот го истура само врз Силјановска Давкова кога логично е опозицијата да се бори против претседателот на власта, Стево Пендаровски. Освен тоа, нејасно е и зошто Билјана Ванковска измислува бројка од 25.000 гласови кога Гордана Силјановска Давкова собра над 28.000 потписи. Оттука се наметнува прашањето „Дали целта на Левица е да го делегитимира само ВМРО-ДПМНЕ и да одработи за СДСМ“?
Сепак, редакцијата на Радио Лидер реши да истражи што мислела Билјана Ванковска за Гордана Силајновска Давкова во 2019-та година.
Како се однесуваше Ванковска во 2019-та година?
Доколку се потсетите како се однесуваше професорката Билјана Ванковска во 2019 година јасно може да заклучите дека дава безрезервна поддршка за Гордана Силјановска Давкова.
Ванковска не ги штедеше комплиментите кон Силјановска Давкова
Во своите објави на Фејсбук таа Силјановска Давкова ја опишува како „премногу добра за оваа колонија“, а не штедејќи ги комплиментите вели дека е „10.000 километри над нивото на нашата политика“ и дека „предобра е, не ја заслужуваме“.
Во продолжение може да го погледнете целиот Фејсбук статус којшто е објавен откако е соопштен резултатот дека победник на претседателските избори е Стево Пендаровски.
Многу е нелогично што само пет години подоцна Ванковска упатува жестоки критики кон Силјановска Давкова ако се земе предвид дека во 2019-та нејзините комплименти немаа крај. Сега настапува премногу остро кон „предобрата и пристојната“ кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.
Останува да видиме дали можеби во вториот круг Левица, а и самата Ванковска ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател иако засега партијата вели дека нема да поддржи кандидат за вториот круг.
Патем, на сите анкети води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.