За само еден месец откако од функцијата замина екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на негово место дојде техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски драматично е зголемен бројот на издадени пасоши од страна на МВР.
За разлика од Јануари додека Спасовски беше на чело на МВР кога биле издадени 39 илјади пасоши во Февруари со Тошковски биле издадени над 57 илјади, пренесува Expres.mk
Во декември бројот на издадени пасоши е речиси три пати помал од тие издадени во Февруари кој имаше 29 дена.
Тоа покажува дека системот на Спасовски или не функвинирал или тој намерно го кочел процесот.
,,Недозволиво е граѓаните да бидат лажени и манипулирани!
Официјалните бројки говорат дека во месец февруари бројот на пасоши кои се изработени и подигнати од страна на граѓаните во однос на претходните месеци е енормно зголемен. Ова е резултат на целосната реорганизација што ја направивме во овој дел.
Зошто овие бројки не биле достигнати претходно е прашање кое треба да биде одговорено од други, а во меѓувреме ние ќе продолжиме со работа и со изнаоѓање на решенија кои ќе придонесат за подобрување на сервисот кон граѓаните”, изјави Министерот Тошковски за процесот.