Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му подарил на секој лидер на НАТО револвер со изгравирано име и кутија со боева муниција по самитот во Анкара, објави „Гардијан“.

Ердоган на секој лидер му дал и писмо со кое Турција ги укинува извозните ограничувања за оружјето, за да можат да го изнесат од земјата

И покрај тоа, британскиот премиер Кир Стармер изјавил дека морал да го остави оружјето во Анкара, бидејќи не можело законски да биде внесено во Обединетото Кралство со владиниот авион.

 

Портпаролот на германската влада изјави дека револверот наменет за германскиот канцелар Фридрих Мерц бил предаден на германската амбасада за да се спроведе постапка за законски увоз, по што ќе биде вклучен во колекцијата на официјални подароци.

Подароците за лидерите на НАТО обично се многу поконвенционални.