Спортската арена „Борис Трајковски“ е речиси подготвена за почетокот на масовната вакцинација на населението во Македонија.
-Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично, напиша Филипче на Фејсбук.
Во тек се и подготовките за вакцинација и во другите градови и населени места низ Македонија.
Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48…
Posted by Венко Филипче on Thursday, April 1, 2021