На два дена пред повторените локални избори во општина Маврово Ростуше каде во сабота се бираат градоначалник и општински совет на површина излегуваат скандалозни исплати на локални функционери на СДСМ од општинската каса, пишува порталот експрес.мк

‼️Во време на економска криза, во време кога родителите немаат финансиски срества да си ги прехранат своите деца, да си ги подмират основните домашни потреби, актуелниот повереник и кандидат за Градоначалник од СДС Медат Куртоски на својот шура Емсел Шабани си му исплатил 1.000 евра од општинска каса, а на својот дедо Тасим му исплатил 950 евра од општинскиот буџет, се однесуваат како Општината да е нивна приватна своина!

Ова го објавува локалната организација на ВМРО-ДПМНЕ во општина Маврово Ростуше која објавува докази за своето тврдење од алатката на владата за јавни набавки каде се гледа исплатата на парите за членовите на СДСМ.

,,‼️За непотизмот да биде уште поголем, директорот на основното училиште во Скудриње Бешир Рамадани за себе и за шурата од повереникот Медат Куртовски си исплатил од училишниот буџет по 250 евра, најверојатно за да одат на летен одмор”, стои во објавата на ВМРО-ДПМНЕ Маврово Ростуше.

,,✅☢️Треба да знае кандидатот на СДС Медат Куртовски, дека парите не се лично негови, и ова што го прави не е добро за никого а најмалку за тие кои му даваат доберба да ги прави овие непромислени работи”, стои во соопштението на кое се уште нема никаква реакција од СДСМ.

Вчера во посета на оваа општина беа лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ кои го промовираат Куртовски за иден градоначалник.

Објавата за скандалозните исплати на пари на роднини на локални функционери:

Изборите за локална власт во Маврово Ростуше која е погодена од силна миграција предходно пропаднаа затоа што не беше исполнет цензусот од 30 % излезност.