Главниот град одново може да се пофали со една неславна ранг листа меѓу десетте најзагадени градови во светот. Скопје во друштво на Делхи, Калкута и Шангај се наоѓа во смртоносно високата загаденост.
Трите дена од новата година почнаа со стар проблем – загадувањето. ПМ-честичките неколку дена над дозволеното, Владата со препораки од работни обврски да бидат ослободени бремените жени, постарите од 60 години, тие со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, но со препорака на матичен лекар.
Целата парадоксалност на владата која поддржува „одење на работа со јавен превоз“ се прикажува со тоа дека сите функционери на работа пристигнуваат со автомобил.
Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување. Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе го расчистат воздухот.
За големата загаденост на градот и дел од листата на 10 најзагадени градови во светот говори и реномираната страната IQair.
Како што може да се забележи и од фотографијата, Скопје се наоѓа на неславното десетто место.
За загаденоста на Скопје објавуваат многумина, а во продолжение еве и видео од тоа како вчеравечер беше во Ново Лисиче. Инфлуенсерот Никола Николовски – Боемот.
Видео од загадуањето може да погледнете ТУКА.