Твитерџиите прашуват: „Со колку украдени пари се добива златна виза за Дубаи?“

По признанието на поранешниот министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче, дека поседува златна виза за Дубаи, социјалната мрежа Твитер беше преплавена со иронични и критички коментари.

„Со колку украдени пари се добива златна виза за Дубаи?“ – праша една корисничка на Твитер.

Друг Твитерџија коментираше:

„За работа би добил работна виза, златна е нешто друго. Ако некој знае повеќе, нека ме поправи.“

И останати коментари за златната виза.

Повеќе твитерџии забележаа дека за да се добие таква виза, потребна е инвестиција или имот во вредност од најмалку 550.000 американски долари (околу 2 милиони дирхами).

Ваквите коментари следуваат откако Филипче сам го призна она што претходно го негираше.

ФИЛИПЧЕ ПРИЗНА ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Заев веќе е таму?

ВМРО-ДПМНЕ со нови сомнежи и обвинувања

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реагираа преку Валентин Манасиевски прашаа дали Филипче има удел во бизнисите на Зоран Заев во Дубаи.

„Молкот на Филипче е громогласен, а веќе три месеци се крие и бега од одговор на прашањето: од каде му е златната виза за Дубаи?“ – рече Манасиевски.

Од СДСМ пристигна одговор на обвинувањата и сомнежите поврзани со визата, инвестициите и евентуалните поврзаности со бизниси во Обединетите Арапски Емирати.

Тие рекоа дека Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ. Сепак, не дадоа прецизни информации, а ова се коси со тоа што Филипче го изјави на поткаст во петокот.

Димитриевски распали по Филипче

Сепак и Димитриевски од ЗНАМ распали по Филипче.

Димитриевски распали по Филипче: Со златна виза не се станува лидер на народ

Димитриевски ја обвини СДСМ дека станала структура што опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови, отуѓена од народот и реалноста.