Вкупно 18.149 апликации на студенти се прифатени во рамки на првиот рок за аплицирање на повикот за субвенциониран студентски оброк, соопшти Министерството за образование и наука.

Од Министерството за образование и наука информираат дека во првиот повик кој беше отворен за студентите од втора и повисоките години на студии пристигнале вкупно 21.693 апликации. Апликациите биле разгледани од страна на надлежната комисија која прифатила над 83 отсто од поднесените апликации. Како што информираат од МОН, на сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса.

Но, од тоа што може да забележиме на социјалните мрежи многу студенти се жалат дека се неправедно одбиени. На коментарите на самата објава од МОН има секакви коментари од револтирани студенти кои пишуваат „Мизерни едни, ништо од прва не можете да погодите“, „На пола и повеќе апликациите неправедно не ни се одобрени и е рандом наведено дека некој од условите не е исполнет“, „Конкурсот ќе ве одбие дури и само еднаш да ви стигнале на сметка средства повисоки од минималната плата? Господ напомош.“, но дури некои од нив велат дека стипендии се давале со предност на партиски членови на СДСМ. Повеќе може да погледнете во продолжение.

На Инстаграм страницата „Боемот“ и „Студентарија.Мк“ пишува повеќе за оваа тема и може да се забележи незадоволството кај студентите.

Инстаграм профилот „Боемот“ вели дека дури 9 од 10 негови другари биле одбиени, додека и други страници го искажуваат незадоволството. Според него станува збор за популистичка мерка на надлежните. Повеќе може да погледнете од фотографиите во продолжение.