Спомен плочата не е оштетена затоа што веднаш по настанот токму поради превенција од Одборот ја подигнале и однеле на безбедно место.
-Оштетувањето го пријавив во полицијата. Оттаму ми рекоа дека ќе биде извршен увид на самото место. Ова е показател каков е нивниот соживот на дело, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
На ридот Балтепе на пладне беше откриена нова спомен плоча во чест на бранителите од Армијата и Полицијата за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 и за оние кои во тетовскиот регион ги дадоа животите во одбрана на државниот суверенитет.
По поставување на плочата беше оддадена почит со едноминутно молчење како и со положување на цвеќе, а одржана беше и помен панихида.