Амбасадорот на САД им се заблагодарил на сите што ја поддржуваат Амбасадата во овој значаен проект, во кој Владата на САД ќе инвестира 296 милиони долари.
Како што се наведува на веб страницата state.gov, новиот проект вклучува обнова на постојниот имот на Амбасадата и има за цел да ги оживее односите на локацијата со соседниот парк Петровиќ, истовремено прикажувајќи ја и заштитувајќи ја биолошката разновидност во регионот.
Од фотографиите во продолжение може да погледнете како би изгледала амбасадата во Подгорица.
Како што е наведено, дизајнот става голем акцент на почитување на локалната култура и зачувување на локалната средина. Употребата на локален камен за изградба и уредување гарантира дека Амбасадата ќе ја почитува окружувањето на соседните згради.
„Изградбата на новиот кампус на Амбасадата јасно ја покажува важноста на силното и трајно американско-црногорско партнерство“, пишува на ФБ страницата.