Минатиот ден во соседна Србија се одржаа избори на кој Српската напредна партија (СНС) на Александра Вучиќ ја прослави победата на претседателските и парламентарните избори во своето седиште со шампањ, торта и трубачи.

Посебно интересна фотографија од вчерашната прослава беше оваа со тортата во форма на фрижидер од која излегува Александар Вучиќ, сцена која ја одбележа предизборната кампања на српскиот претседател.

Инаку по прогласувањето на победата Вучиќ наздрави и со шампањ.