Екипи на Јавното претпријатие Паркови и зеленило од утринава го сечат дрворедот на една од најфреквентните улици во Скопје и истовремено една од оние која ги поврзува најурбаните и најпопуларни градски сврталишта.
Станува збор за сеча на дрворедот на улицата Орце Николов во Дебар Мало за која надлежните најавија нејзина реконструкција.
– Реконструкцијата на „Орце Николов“ ќе им даде поголем приоритет на пешаците, со тоа што ќе се стимулираат пешачките токови и ќе се зголеми безбедноста за нивно движење по целата должина на улицата, изјавија од Град Скопје на 15-ти мај годинава.
Погледнете каков беше дрворедод пред да биде уништен