Франција ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека на 24 часа, во очекување на мислењето на Европската агенција за лекови. Париз на тој начин се усогласува со неколку свои европски соседи како Германија, Италија, Данска, Ирска и Холандија.

Германија ја суспендира употребата на вакцината Ковид-19 од англо-шведската лабораторија „АстраЗенека“ „како превентивна мерка“ по пријавувањето на несаканите ефекти, објави во понеделникот Министерството за здравство.

Медицинскиот институт Пол-Ерлих, кој ја советува владата, „верува дека други испитувања(се) неопходни“ по случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани во Европа, изјави портпарол на Министерството, додека повеќе земји веќе презедоа таков чекор. Оваа одлука за суспензија доаѓа „по нови информации во врска со тромбоза на церебрални вени во врска со вакцинација во Германија и Европа“, според истиот извор.

-Европската агенција за лекови (ЕМА) „ќе одлучи дали и како новите знаења (за овие несакани ефекти) влијае на одобрувањето на вакцината, додаде портпаролот.

За една недела, неколку земји ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека по сериозни проблеми со крвта кај вакцинираните.

Во Франција, околу 60 пожарникари во Буш-ди-Рон минатата недела ја примија првата доза на вакцина АстраЗенека. Но тие ја прекинаа вакцинацијата на нивниот персонал против Ковид-19 по појавата на несакани ефекти кај еден пожарникар.

-Како претпазливост, ја суспендиравме втората инјекција на вакцината АстраЗенека, изјави за француските медиуми портпарол на Секторот за противпожарна и спасувачка служба (Сдис) од Буш-ди-Рона. Имено, пожарникар од Арл (90 км западно од Марсеј), чија старост не е прецизирана, по првата инјекција беше хоспитализиран со срцева аритмија.

Според извор запознат со случајот, оваа одлука се однесува само на пожарникарите во департманот Буш-ди-Рона. Пожарникарот во Арл, кој разви аритмија откако беше вакциниран на 8 март, „се чувствува многу подобро“ во. Во јавните центри за вакцинација каде што работат со населението, пожарникарите ја користат вакцината од компаниите Фајзер/Бионтек.

Вакцината на АстраЗенека е една од четирите вакцини кои во моментов се одобрени во Франција за борба против епидемијата со Ковид-19.

Скоро десетина земји ја прекинаа нејзината употреба како претпазливост откако објавија „можни“, но неповрзани несакани ефекти во оваа фаза. Вакцината против Ковид-19 развиена од АстраЗенека со британскиот универзитет во Оксфорд е безбедна, уверува производителот, додека Светската здравствена организација (СЗО) вели дека „нема причина да не се користи“ оваа вакцина.