„Санофи“ најави дека во својата фабрика во Риџфилд, во Њу Џерси, ќе помогне да се произведат до 200 милиони дози од вакцината на „Модерна“. Финансиските детали за зделката не се откриваат, пренесуваат француските медиуми.

Ова е трет ваков договор што „Санофи“ го потпишува годинава. Во јануари, компанијата се согласи да работи со американски „Фајзер“ и германски „БиоНТек“ за производство на повеќе од 125 милиони дози од вакцината.

Еден месец подоцна, „Санофи“, исто така, постигна договор со американски „Џонсон & Џонсон“ за околу 12 милиони дози месечно.

Оваа француска компанија, истовремено, ги развива своите две вакцини против Ковид-19, едната во соработка со британски “ГлаксоСмитКлајн“, а другата со американски „Транслејт био“.